Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Од:

Домашната разузнавачка агенција на Германија предупреди на сајбер група која припаѓа на единицата 29155 на руската воена разузнавачка служба (ГРУ), велејќи дека извршила сајбер напади врз земјите на НАТО и ЕУ.

Во објава на X, Bundesverfassungsschutz објави дека објавува предупредување против групата позната како UNC2589 заедно со ФБИ, Американската агенција за кибер безбедност и инфраструктура (CISA), Агенцијата за национална безбедност (NSA) и други меѓународни партнери.

Предупредувањето доаѓа во време на зголемена загриженост во Европа за активностите на руските хакери и шпиони. Претходно оваа година Берлин ја обвини Русија за серија сајбер напади врз германските владејачки социјалдемократи, како и врз компании од логистиката, одбраната, воздушната и ИТ секторите.

Во своето предупредување, разузнавачката агенција рече дека групата, позната и како Cadet Blizzard или Ember Bear, врши шпионажа и саботажни активности кои често вклучуваат обезличување на веб-страници и објавување украдени податоци.

Единицата ГРУ, на која и припаѓа, стана позната во 2018 година кога беше осомничена дека е вмешана во труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск

Фондациите на Елтон Џон се додадени на листата на непожелни организации во Русија

Мајка со секира си ги уби трите деца

А1он

ФСБ уапси молдавски државјанин кој планирал бомбашки напади во Русија