Афера со градоначалникот го тресe Вашингтон

Од:

Градоначалникот на Вашингтон, Винсент Греј се наоѓа под истрага поради сомнение дека не пријавил 650 илјади долари, користени во кампањата во 2010 година, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Весникот на насловната страна го објави текстот за непријавените парични средства, поради што тројца членови на Градскиот совет побараа од Греј да поднесе оставка.

Неговата поранешна соработничка за односи со јавноста Џин Харис призна во федералната истрага дека помогнала во организирање на собирањето на илегалните средства и оти за тоа бил информиран и самиот Греј, тогаш кандидат за градоначалник.

Полицијата во март изврши претрес на нејзината куќа, како и на куќата на бизнисменот Џефри Томпсон, за кого постои сомневање дека донирал повеќе од 650 илјади долари, кои не се пријавени.

Кога новинарите вчера го прашаа Греј кога прв пат слушнал за тие пари тој не сакаше подетално да одговори, туку само рече дека тоа е дел од истрагата, која е во тек.

Неговиот адвокат Роберт Бенет исто така не сакаше да изнесе повеќе детали, нагласувајќи дека истрагата е во тек и оти не е во ред сега да се даваат изјави.

На Џин Харис, која ја призна вината за кршење на федералните и локалните закони за изборното финансирање на кандидатите, и се заканува казна затвор од 30 до 37 месеци.

Греј нагласува дека нема намера да поднесе оставка и оти планира да остане градоначалник до крајот на мандатот, кој му истекува во јануари 2015 година.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски