Адвокатите на Асанж бараат поништување на потерницата по него

Од:

Шведските адвокати на Џулијан Асанж денескa поднесоа барање за поништување на налогот за апсење на основачот на „Викиликс“, кој веќе две години се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон, со цел да избегне екстрадиција во Шведска.

Адвокатот Томас Олсон изјави дека неговиот клиент не може да биде уапсен додека се наоѓа во Амбасадата, а шведското обвинителство не сака Асанж да биде сослушан во Лондон.

Владата на Еквадор му даде азил на Асанж и бара британските власти да му гарантираат слободно заминување за Кито.

Но, британските власти распоредија полициски сили околу амбасадата, на кои им е наредено да го уапсат Асанж ако излезе од зградата, по што би бил екстрадиран во Шведска, каде против него е покренато обвинение за сексуална злоупотреба.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА