Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама можно е во оваа недела да донесе одлука за вооружување на сириските бунтовници, јавија американски медиуми повикувајќи се на изјава на анонимен претставник од Белата куќа.
Владата ќе ја разгледа и можноста за испраќање американски ВВС кои ќе воведат зона забранета за летови во Сирија, но тоа е помалку веројатно.
Според изворот, во следните денови се закажани средби во Белата куќа на кои ќе се разговараат варијанти за акции во момент кога силите на Асад се подготвуваат за напади врз градот Хомс.
Опозициски лидери упатија пораки до Вашингтон дека бунтот може да има големи загуби ако не добијат соодветна поддршка.