Адам Зубин за Би-Би-Си: Путин е корумпиран

Од:

Претставник на американското Министерство за финансии денеска за Би-Би-Си изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е корумпиран и дека американските власти за тоа знаат „многу години“.

Портпаролот на Путин го демантира ова тврдење, изјавувајќи дека „не е потребен одговор на ниту едно од овие тврдења, бидејќи тие се чиста фикција“, наведе Би-Би-Си.

-Видовме како овозможува збогатување за своите пријатели, блиски соработници и како ги маргинализира оние кои тој не ги гледа како пријатели, како ги користи државните средства. Било да станува збор за руското енергетско богатство или за другите државни договори, управува со оние за кои верува дека ќе му служат, а ги исклучува оние за кои тоа не го мисли. За мене, тоа е слика за корупција, рече Адам Зубин во емисијата „Панорама“.

Зубин од името на американсото Министерство за финансии го надгледува спроведувањето на санкциите кон Русија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени