Јапонскиот премиер Шинѕо Абе предупреди денеска дека светот би претрпел „неизмерни загуби“ кога би се проширил тероризмот на Блискиот исток и вети 200 милиони долари во вид на помош, која не е воена за земјите кои се борат против Исламска држава.
– Ако дозволимме тероризмот или оружјето за масовно уништување да се шират во овој регион, загубите кои би ги претрпела меѓународната заедница би биле неизмерно, рече Абе во Каиро на почетокот на турнејата во тој регион.
Тој на состанокот на Јапонско-египетскиот бизнис форум рече дека Токио ќе обезбеди парична помош за земјите кои се борат против Исламска држава.