Јапонскиот премиер Шинѕо Абе се откажал од намерата да ја посети Кина за одбележување на 70-годишнината до крајот на Втората светска војна во почетокот на идниот месец.
Причина за таква одлука е неопходноста на Абе да присуствува на расправи во Горниот дон на јапонскиот парламент за нацрт-закон за т.н. сили за самоодбрана.
Јапонската Влада го зела предвид и фактот што голем број држави меѓу кои и САД нема да присуствуваат на церемонијата во Пекинг на 3 септември.
Кина и Јужна Кореја се меѓу главните жртви на јапонската агресија за време на Втората светска војна. Минатата недела јужнокорејскиот претседател Парк Геун-хуе како и рускиот претседател Владимир Путин најавија свое присуство на церемонијата.