Шпанскиот крал Хуан Карлос одлучи да се повлече и абдицираше од кралскиот трон, соопшти денеска премиерот на Шпанија, Маријано Рахој.
Хуан Карлос има 76 години и во последно време имаше проблеми со здравјето. Тој на престолот е од 1975 година, по падот на диктатурата на Франциско Франко.
Престолот ќе го наследи неговиот 45-годипен син Фелипе.
Хуан Карлос важеше за еден од најпопуларните монарси во светот, но неговата популарнст во Шпанија драстично се намали последниве години, најмногу поради корупциската афера со неговата ќерка и нејзниот сопруг.
Аферата се провлекува неколку години и Шпанците веруваат дека аферата не смее да се забошоти само затоа што актерите се припадници на кралското семејство.