Абдел Фатах ал Сиси победи на претседателските избори во Египет

Од:

Поранешниот началник на Генералштабот на египетската војска Абдел Фатах ал Сиси победи на претседателските избори во Египет, покажуваат денеска објавените резулати од неговиот изборен штаб, по речиси целокупно преброени гласови.

Според тие резултати, Ал Сиси (59) освоил над 92 отсто од гласовите на избирачите, односно 23,38 милиони гласови додека левичарскиот кандидат Хамден Сабахи добил доверба од 735.285 гласачи.

Неважечки број ливчиња имало 1,07 милиони, што е речиси 350.000 гласови повеќе отколку што освоил Сабахи.

Победата на Ал Сиси во ниту еден момент не беше доведена во прашање, но пензионираниот фелдмаршал очекуваше многу поголем резултат што би го зацврстил легитимитетот на соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули минатата година.

Приврзаниците на Ал Сиси во Каиро ја славеа цела ноќ победата – неколку илјади луѓе се собраа на централниот каирски плоштад Тахрир, епицентар на потресите во 2011 година, по што е соборен долгогодишниот автократски претседател Хосни Мубарак.

Слични прослави имаше и во Александрија и во многу градови северно од престолнината како и во Фајум, југозападно од Каиро.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро