Поранешниот началник на генералштабот на египетската војска Абдел Фатах ал Сиси денеска ќе положи заклетва за нов претседател на Египет, со што ќе биде потврден неговиот де факто статус на шеф на државата, кој го има веќе речиси една година, пренесува Танјуг.
Сиси ќе положи заклетва во Уставниот суд, а присутни ќе бидат палестинскиот претседател Махмуд Абас, арапските кралски семејства од земјите во Персискиот залив и африкански лидери.
западните земји, кои му ја честитаа победата на Сиси, на инаугурацијата ќе испратат функционери од понизок ранг или амбасадори.
Сиси победи на претседателските избори со освоени 96,9 отсто од гласовите.