79-годишна Украинка учи да пука со калашников – сака да ја одбрани земјата од Русите

Од:

Украинката Валентина Константиновска стана популарна на светско ниво, откако беше објавена нејзина фотографија од обуката за користење на пушка АК-47, позната како „Калашников“.

Со зголемениот страв од руска агресија, за која и самиот претседател на Украина, Володимир Зеленски изјави дека е информиран дека нападот ќе се случи во среда, луѓето излегоа на улиците за да научат како да контролираат и пукаат различни видови на оружје, и се што е можно да се запре напредувањето на руските трупи, заедно со војниците на украинската армија. Според истражувањата, најмалку 24 отсто од украинското население е решено да користи оружје во случај на инвазија.

79-годишната Валентина објасни дека „ќе пука во непријателот ако е потребно за да ја заштити својата земја“, давајќи пример дека за војна и одбрана на својата нација нема возраст. „Се согласувам да пукам. Ако има нешто, тогаш ќе ја бранам мојата куќа, мојот град, моите деца“, изјави таа за украинските медиуми.

Би можело да ве интересира

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Вашингтон пост: Путин сака да ја контролира Украина

Руте повика на нормализација на односите со Русија

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје