700 илјади евра годишно се фрлаат во Фонтана ди Треви

Од:

Најпознатата фонтана во светот, Фонтана ди Треви, е вистинска ризница на монети.

Посетителите во оваа фонтана, која секоја недела целосно се празни и темелно се чисти, годишно фрлаат и до 700.000 евра, во надеж дека желбата која ќе ја замислат ќе им се исполни.

Просечниот годишен износ оваа година може да биде надминат, бидејќи само до јуни во фонтаната има фрлено дури 450.000 евра.

На локалните жители и туристи им е строго забрането да ги земаат фрлените пари, а огромни суми на пари од фонтаната ги земаат работниците кои се под контрола на полицијата.

Дел од парите одат во градскиот буџет, а дел во меѓународната хуманитарна организација „Каритас“.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он