700 американски војници по воените вежби остануваат во Јордан

Од:

САД по воените вежби во Јордан оставаат околу 700 војници во земјата, подготвени за борбени дејствија, соопшти претседателот Барак Обама.

Претходно беше одлучено таму да се распоредат ракети „Патриот“ и воени авиони.

Обама нагласи дека американските војници се распоредени на барање на јорданските власти, кои стравуваат, дека војната во Сирија може да се префрли и на нејзина територија.

Моментално во Јордан се наоѓаат околу половина милион сириски бегалци.

Во писмо до претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Обама наведува дека околу 700 од војниците што учествувале на завршените во четврток воени вежби, ќе останат во Јордан, додека тоа го бараат безбедносните услови.

– Дел од војниците, што учествуваа на воените маневри ќе останат во Јордан, вклучително и ракетните системи „Патриот“, воената авијација и поврзаниот со нив логистички, команден, контролен и комуникациски персонал и системи, наведува Обама во соопштението.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа