Околу 700.000 Палестинци досега избегаа во јужниот дел на Појасот Газа по повиците за евакуација на цивилите во северниот дел на крајбрежниот појас.
Ова денеска го соопшти израелската армија.
Цивилите кои остануваат во градот Газа и северниот дел на палестинската територија треба да се преселат јужно од природниот резерват Вади Газа заради своја заштита, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари во телевизиска изјава.
– Израел ќе ги интензивира нападите врз воените цели на Хамас и нивните административни објекти на север, предупреди тој.
„Ние ќе продолжиме да напаѓаме цели кои би можеле да претставуваат закана за копнените сили во следните фази од војната. Во саботата се одбележаа две недели откако стотици Палестинци милитантите предводени од Хамас убија стотици цивили во ненадеен напад врз Израел“ рече Хагари.