650 милиони Индијци ќе се заразат со коронавирусот до февруари, предвидуваат државни експерти

Од:

Најмалку половина од населението на Индија, кое брои околу 1,3 милијарди луѓе, веројатно ќе бидат заразени со новиот коронавирус до февруари 2021 година. Тоа го објави член на владина комисија со задача да направи прогноза за ширењето на вирусот.

Индија е втора земја во светот по САД со најмногу случаи на заразени со коронавирус – околу 7,5 милиони. Но, новите случаи се намалуваат во Индија по пикот во средината на септември. Секој ден се пријавувале во просек 61.390 случаи.

– Нашиот математички модел покажува дека околу 30 отсто од населението е моментално заразено и може да се зголеми на 50 отсто до февруари, рече Маниндра Агравал, професор на индискиот Технолошки институт во Канпур и член на комисијата.

Комисијата проценува дека многу повеќе луѓе се заразиле отколку што истражувањето на владата во септември покажа дека 14 отсато од Индијците заболеле од вирусот. Комисијата е составена од вирoлози, научници и други експерти кои се потпираат на математички модел што ги зема предвид случаите што не се потврдени со тест.

Тие предупредуваат дека заразените може да се искачат на 2,6 милиони месечно доколку не се почитуваат мерки како што се социјално растојание и носење маска. Експертите велат и дека бројот на нови случаи може повторно да се зголеми со приближувањето на сезоната на празници и фестивали.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати