Египетското министерство за здравство соопшти дека 65 лица загинале во текот на изминатата ноќ во Каиро во судирите меѓу исламистите и полицијата.
Уште девет жртви има во насилствата во вториот по големина град Александрија. Вкупниот број на повредени во судирите низ земјата се проценува на околу 750 лица.
Египетскиот потпретседател Мохамед ел Барадеј денеска остро го осуди полициското насилство врз исламистичките демонстранти, приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси.
Барадеј на својот Твитер профил објави дека остро ја осудува прекумерната употреба на сила во судирите меѓу полицијата и исламистите, приврзаници на Морси.