Ракетните системи С-400 во текот на ноќта и во голема тајност се распоредени во Сирија, по што се појавија првите фотографии на најмоќниот противвоздушен систем.
Министерството за одбрана на Русија вчера извести дека во Сирија се испраќа системот С-400 Триумф, но во текот на ноќта набрзина веќе беше поставен и инасталиран во базите во Сирија.
Овој систем има домет од 400 километри што значи дека може да продре длабоко во турска територија, а е донесен во Сирија поради заштита на руските авиони. Русија предупреди дека ќе пука од нив и на најмала закана по руските авиони.