500 руски медицински лица починале од Ковид-19

Од:

Околу 500 руски медицински работници досега починале од Ковид-19, соопштија набљудувачи на државното здравствено надзорно тело Росздравнадзор.

Споредено со минатомесечниот биланс од 101 починат медицински работник, во јуни се регистрира голем пораст на смртноста кај медицинските лица, вели извештајот.

Директорката на Росздравнадзор, Аља Самоилова, рече дека проблемите во дистрибуцијата на заштитна опрема значително влијаат на толку висока стапка на смртност.

Русија е на третото место во светот по бројот на потврдени случаи на Ковид-19 со 561 илјади заразени, од кои 7.790 во изминатите 24 часа, додека бројот на смртни случаи е 7.760.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија