4 години од спасувањето на чилеанските рудари

Од:

Поминаа 4 години од спасувачката операција во чилеанскиот рудник за злато и бакар Сан Хозе, каде повеќе од два месеца под земја се наоѓаат 33-ца рудари.

Рударите поминаа 69 дена во жешката и влажна внатрешност на рудникот за бакар и злато Сан Хозе, во кој се случи хаварија на 5. август. Во првите 17 дена во кои беа целосно изолирани од светот, пред да бидат откриени, преживувале со еден залак туна и голтка млеко на секои 48 часа.

Tие во тој период ослабнале во просек по 10 килограми. Во јамата владеела голема жештина и влага, а самите рудари досега ја опишуваа едноставно како „пеколот“.

Веднаш по извлекувањето рударите се упатуваа на лекарски прегледи во полската болница која е монтирана во самиот рудник, а потоа со хеликоптер биле префрлени на испитувања во блискиот град Копиапо. Нивното извлекување е првото и досега единство од овој вид на толку голема длабочина.

Настанот, кој се претвори во вистински спектакл, освен роднините и најблиските на рударите, одблизу го следеше и чилеанскиот државен врв како и околу 1.600 новинари од целиот свет.

Сепак, преживеаните одбегнуваа да зборуваат со новинарите, а тоа според чилеанските медиуми се должи на лукративните договори кои рударите веќе ги потпишале со различни издавачи за правото на нивните ексклузивни приказни.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени