Најмалку 38 лица загинаа, а десетици други се ранети денеска при експлозија на бомба поставена пред сунитска џамија во ирачкиот градот Бакуба, на околу 50 километри североисточно од Багдад.
Како што соопшти локалната полиција, нападот бил извршен непосредно по завршувањето на петочната молитва.
Нападот се случува по неколкуте напади врз ирачки шиити во изминативе два дена, при што загинаа неколку десетици лица.