29 загинати во неколку бомбашки напади во Ирак

Од:

Во неколку бомбашки напади во Багдад и централниот дел на Ирак денеска според најновите податоци загинаа најмалку 29 лица, а повредени се 69 лица, јавија безбедносни и медицински извори.

Во две експлозии на пазар во шиитскиот дел на Багдад изутринава загинаа најмалку 11 лица, а повредени се 30.

Во провинцијата Бабил во експлозии на две автомобил бомби во градот Шомали, јужно од Багдад, животот го загубија пет лица, а 11 се повредени.

Сунитски екстремисти често изведуваат напади врз шиитски цели во Ирак со цел земјата повторно да ја турнат во крвави судири, како периодот од 2005 до 2008 година.

Во изминатите неколку недели во Ирак се извршени серија бомбашки и самоубиствени напади, додека земјата се соочува со политичка криза и зголемени протести на сунитите кои бараат оставка на шиитскиот премиер Нури Ал Малики.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак