26 загинати во пожарите во Сибир

Од:

Руските власти соопштија дека во пожарите кои зафатија 38 села во Сибир, загинале 26 лица, а околу 1.000 побарале лекарска помош.

Ирина Емелианова, портпаролка на регионалните власти изјави дека вкупно 77 лица завршиле во болница и дека осум од нив се во критична состојба.

Таа наведе дека огнот зафатил повеќе од 30 села и дека 5.000 лица меѓу кои 1.000 деца останале без кров над глава.

Според наводите, властите сметаат дека пожарот е предизвикан од неодговорно однесување на луѓе кои запалиле сува трева.

Како што пренесе „Франс прес“, околу 5.000 спасувачи учествувале во акцијата за спасување на Блазес во Хакасија во регион на југоисточен Сибир, каде што загинале 23 лица.

Пожарите беснееле и во источен Сибир каде животите ги загубиле три лица меѓу кои и тригодишно девојче. Државната телевизија информираше дека пожарите биле толку големи што можел да се видат од Вселената.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија