Најмалку 24 лица загинаа како резултат на силните дождови, кои изминатата недела го зафатија јужниот дел на Јапонија, предизвикувајќи големи поплави и лизгање на земјиштето.
Над 260 илјади жители на јужниот остров Кјушу добија наредба да се евакуираат, а околу 140 илјади треба да ги напуштат своите домови во случај на опасност.
Надојдените реки поплавија стотици згради во префектурите Фукуока, Кумамото, Сага и Оита. Голем број луѓе веќе ги напуштија своите домови и се наоѓаат во привремени засолништа.
Премиерот на Јапонија формира специјален центар за собирање информации за природната катастрофа.
Поради лизгање на земјиштето и поплави има метеж на главните магистрали на целиот остров Кјушу, а во прекин е железничкиот сообраќај.
За справување со последиците од несреќата вклучена е и армијата.
Метеоролозите предвидуваат нови врнежи во следните денови, кои ќе опфатат и делови од главниот јапонски остров Хоншу.