Серија експлозии на бомби во шиитски квартови во ирачката престолнина утринава го одзедоа животот на најмалку 23 лица, а ранети се над 70, соопшти полицијата.
Атентатите биле извршени во квартовите Амеен, Садр сити, Хабибија и Кахира.
Експлозивните направи биле поставени главно на отворени пазари.