23 убиени во напад пред сунитска џамија во Багдад

Од:

Најмалку 23 лица загинаа синоќа, а 35 се повредени во експлозија пред сунитска џамија на југот на Багдад, соопшти полицијата.

Според полициските податоци, експлозијата се случила на централниот влез во џамијата Халиф бих ал Валид. Одговорноста за експлозијата не ја презеде ниту една организација, покрената е истрага.

Експлозијата е најновиот инцидент во серијата напади кои терористите ги извршија од почетокот на светиот муслимански месец Рамазан.

Од почетокот на новиот бран внатрешни судири во Ирак од април годинава, во насилствата загинаа над 2.600 лица.

Во петокот вечерта во терористички напад кај кафе бар во Киркук, 250 километри северно од Багдад, загинаа над 30 лица.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак