22 загинати во невреме во Индија

Од:

Бура проследена со удари од громови уби вчера 22 лица, претежно земјоделци, кои работеле во поле во осум дистрикти во индиската држава Андра Прадеш, соопштија денеска индиските власти.

Два женски крикет тимови имаа среќа и избегнаа удар од гром во последен момент, откако гром удри во дрво на теренот каде играле во градот Гунтар, изјави локален функционер.

Дрвото се запалило, откако било погодено од гром и заглушувачкиот звук кој следел ги натерал натпреварувачките и гледачите да побегнат во паника.

Ударите од гром се честа појава за време на сезоната на монсуни во Индија, која трае од јуни до септември, но вчерашниот број на жртви беше невообичаено висок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати