На брегот во близина на јапонскиот рибарски град Исуми морето исфрли околу 200 тони мртви сардини.
Покрај тоа што сликата е вознемирувачка, започна да се шири и неподнослива реа. Прогласена е вонредна состојба и рибарите заедно со околните жители се обидуваат да се справат со ситуацијата.
Трагедијата запонала во неделата, на 3 јуни околу пладне. Денес веќе е надвор од контрола.
Причина за смртта на рибите е недостатокот на кислород, според неколку јапонски медиуми, но информациите се уште не се потврдени официјално.