200 милијарди долари за модернизација на руската армија

Од:

Во следните осум години ќе бидат вложени 200 милијарди долари за модернизација на руските фабрики за оружје. Веќе се градат пет нови ултрасовремени фабрики во кои ќе се произведуваат системи за противракетна одбрана, транспортни авиони и муниција.

До 2020 година руската авијација треба да добие повеќе од 600 авиони и илјада хеликоптери, најави претседателот Владимир Путин, а веќе се реконструирани 28 аеродроми.

„Еден од приоритетите на руската воена индустрија е новиот стратешки бомбардер“, рече Путин.

Некои политичари сметаат дека овие пари треба да се вложат во економијата межутоа Путин нагласи дека неинвестирањето во модернизација на руската армија може земјата да ја стави во инфериорна положба.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот