Во рудникот „Воркутинскаја“, во руската република Коми, утринава експлодира метан и веројатно заради тоа има 18 затрупани рудари, соопшти Елена Смирних од прес службата на Министерството за вонредни ситуации, информираат руските меидуми.
За време на експлозијата под земјата имало 22 рудари, но четворица самите излегле на површина.
-Според првичните податоци, експлозијата не предизвикала пожар, прецизира Смирних.
На местото на инцидентот се испратени седум екипа од военото рударско-спасувачко одделение.
Рудникот е сопственост на компанијата „Воркутаугол“, едно од најголемите руски претпријатија во оваа бранша.
„Воркутинскаја“ работи од 1973 гопдина со капацитет од 1,8 милиона тона јаглен годишно.Неговите резерви достигнуваат околу 40 милиони тони.