18 патници се повредени откако австриски автобус полн со туристи се преврте во Германија

Од:

Осумнаесет лица се повредени откако автобус од Австрија падна во канал на автопат во близина на Хановер, Германија. Осумнаесет лица со полесни повреди и се пренесени во блиските медицински установи, изјави портпаролката на полицијата. Во автобусот имало 19 лица на возраст од 24 до 74 години и деветгодишно дете, додаде таа.

За возачот на автобусот се води истрага за загрозување на сообраќајот и невнимание. Автобусот тргнал од Австрија, а крајната дестинација требало да биде Норвешка, но не е јасно од која австриска локација тргнал автобусот. Несреќата се случила на автопатот 2 во близина на Пејне, град источно од Хановер.

Причината за несреќата се уште не е позната, но се знае дека не учествувале други возила. На местото на несреќата веднаш пристигнале припадници на полицијата и пожарникарите, а испратен е и спасувачки хеликоптер. Портпаролката им рече на новинарите дека враќањето на возилото било многу тешко бидејќи е потребна тешка опрема за да се извлече од каналот.

Регионалната телевизија НДР објави дека многу патници успеале сами да излезат од автобусот.

„Моравме да користиме продолжена скала и платформа за да го премостиме ровот, а потоа преку предните и задните прозорци на автобусот успеавме да ги извлечеме патниците“, рече Хендрик Ваксман, заменик-началник на противпожарната служба во градот Пејне.

Автопатот беше затворен во правец на Хановер во текот на утрото, но повторно беше отворен неколку часа подоцна откако автобусот беше извлечен од каналот.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите