1,69 милиони луѓе во Кина засегнати од тајфунот Хаима

Од:

Преминувањето на моќниот тајфун Хаиме во Кина предизвика штета во износ од 517 милиони долари, од што се засегнати 1,69 милиони лица, соопштија властите на кинеската провинција Гуангдонг, пренесе ТАСС.

Оваа провинција од тајфунот беше погодена во петокот. Властите успеаја да евакуираат навремено 668. 000 луѓе, поради што и беа избегнати жртви. Разурнати се околу 3.000 згради и уништени се 178.000 хектари посеви.

При преминувањето на тајфунот во Хонгконг загина еден човек, а 12 лица беа повредени.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Рапидно се зголемува бројот на жртвите на тајфунот „Јаги“

Горан Наумовски

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

Во Кина повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми