По нападот со отровен гас во едно училиште во Авганистан, 160 ученички се примени во болница поради претпоставката дека се во животна опасност од вдишувањето.
Нападот се случил во женската гимназија Ахан Дара во Талокан, престолнина на провинцијата Тахар.
Дел од ученичките биле однесени во провинциската болница, а останатите во други медицински установи.
Ова е трет случај од ваков тип само во последната недела.