Најмалку 16 лица загинаа, а десетина се исчезнати откако патнички авион на компанијата „ТрансАзија Ерлајнс“ со 58 патници и членови на екипаж падна во река во Тајпеј.
Патнички авион АТР 72-600 брзо по полетувањето во Тајпеј изгубил рамнотежа и удрил со крилото во ограда на мост и потоа паднал во реката Килунг.
Спасувачките екипи и полицијата го пребаруваат детално потонатиот труп на авионот во кој според Би-Би-Си, се уште се наоѓаат околу 30 лица.
Авионот добил мало оштетување кусо по полетувањето од аеродромот во Тајпеј за островот Кинмен. Во авионот имало 53 патници и петмина членови на екипажот, соопшти Централната информативна агенција.