16 Американци осудени во Египет, меѓу нив и синот на министерот за транспорт

Од:

Египетски суд прогласи за виновни 43 службеници на невладини организации, меѓу кои и 16 Американци, по обвинение за незаконска дејност на територијата на земјата.

Од 43-та прогласени за виновни, 27 беа осудени во отсуство и добија по пет години затвор. Меѓу останатите 16, петмина добија по две години затвор, а 11 беа осудени на една година условно.

Повеќето од осудените Американци веќе ја напуштиле земјата. Меѓу нив е Сем Лахуд, синот на американскиот министер за транспорт Реј Лахуд. Тој доби пет години затвор.

Пресудата подразбира затворање на канцелариите и имотот на сметките на американските невладини организации, за кои работеле повеќето од осудените – за Националниот демократски институт со седиште во САД, Меѓународниот центар за новинари во Франција, „Фридом хаус“ и германската фондација „Конрад Аденауер“.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изјави дека е „шокиран и зачуден од пресудата“. Меѓу осудените има и двајца Германци.

Процесот започна во февруари 2012, а истрагата во декември 2011 година, кога земјата се уште беше управувана од војската. Тогаш властите ги пребараа канцелариите на вкупно 17 организации во Египет.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет