На автопатот А2 кај Билефелд во Германија вчера вечер се случи сообраќајна незгода во која учествуваа 15 возила.
Пожарникарите известија дека околу 18.15 часот меѓу раскрсницата Билефелд и Гутерслох се судриле вкупно 15 возила. Најмалку осум лица се повредени, а една жена остана заробена во својот автомобил и мораше да биде извлечена. Нејзините повреди се опасни по живот.
Уште три лица се тешко повредени, а четворица се полесно повредени. Спасувачки хеликоптер слета во близина на местото на несреќата. Полицијата се сомнева дека причина за несреќата била слабата видливост поради обилните врнежи од дожд.
Патот бил целосно затворен до 1 часот по полноќ. Сообраќајот беше пренасочен на раскрсницата Билефелд преку А 33 и А 44, а во правец на Дортмунд се создаде сообраќаен метеж долг седум километри.