Најмалку 15 лица се повредени кога избувна пожар во фабрика за моторно масло во градот Мобаракех во централниот дел на Иран, јавија иранските медиуми.
Инцидентот се случил во провинцијата Исфахан.
Како што јави новинската агенција Тасним, пожарот избувнал денеска околу 10 часот.
Сите резервоари во фабриката биле наполнети со хемиски супстанци кога избувнал пожарот.
Локалните медиуми јавуваат дека најмалку 15 лица се повредени поради вдишување чад. Петмина се пренесени во болница.