„Фокскон технолоџи“, азиски произведувач на производите на „Епл“, ајфон и ајпaд откри 14-годишни деца како работат во една од неговите кинески фабрики за време на истрагата спроведена во таа фабрика во градот Јантај.
Децата потоа биле испратени во училиште, бидејќи законскиот минимум за работа во Кина е 16 години.
„Фокскон“ води истрага, заедно со училиштата, за да утврди на кој начин тоа можело да се случи.
„Ја признаваме нашата целосна одговорност“, објави тајванската групација и се извини.
„Фокскон“ нагласува дека вработените, кои се вмешани во кршењето на локалното право на работа веднаш ќе бидат отпуштени.
„Фокскон“, кој произведува делови за „Епл“, но и за „Хјулит-Пакард“ и „Мајкрософт“ не прецизираше, кои производи биле изработувани во фабриката, во која се откриени децата.