14 цивили по грешка убиени во Јемен

Од:

Воените сили на Јемен признаа дека во нападот на јеменските воени авиони по грешка погодиле возила во кои се наоѓале цивили.

Автомобилите се движеле јужно од главниот град Сана, и притоа биле убиени 14 лица, меѓу кои и три жени и три деца.

Воздушните напади на територијата на покраината Бајда биле цел на напад врз прпадници на Ал Каеда, а не на цивили, иформираат воени извори.

Владата на Јемен, со американска помош, води кампања против припадници на Ал Каеда, која е се повеќе активна во земјата.

Американски беспилотни летала често вршат напади врз Ал Каеда. Во неделата, со еден таков авион беше убиен водечки член на Ал Каеда обвинет за напад врз француски танкер 2002. година.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен