13 загинати и 154 повредени во ексоплозија на пиротехника во Мексико

Од:

Најмалку 13 лица загинаа, а околу 154 се повредени,
во експлозија на камион што превезувал пиротехнички средства за религиозен празник во едно мало место во централно Мексико, соопштија агенциите, повикувајќи се на локалните власти.

Несреќата се случила во текот на огномет организиран во селото Хесус Тепактепекво, во општина Нетивитас, кога во текотм на испукување на ракетите, по грешка, една паднала врз камионот натоварен со пиротехнички средства и го запалила, изјави директорот на локалната служба за цивилна заштита Хосе Матео Моралес.

-Тие беа во обредна поворка, испукувале ракети и камионот им експлодирал. Беше многу сериозно, изјави Моралес, а пренесуваат американските медиуми.

Делови од човечки тела и запалена облека биле распрнати во пречник од околу 100 метри, наведе сведок од местото на несреќата.

Жртвите стоеле на улица во близина на камионот, подготвувајќи се за прославата во чест на светецот, заштитник на селото по кое тоа и го добило името.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба