13 припадници на безбедносните сили загинаа во протестите во Алмати, приведени се 2.000 лица

Од:

Тринаесет припадници на безбедносните сили загинаа за време на насилните масовни протести поради цените на горивата во Казахстан, јави ДПА повикувајќи се на државните медиуми.

Според казахстанските медиуми, смртните случаи се регистрирани во Алмати, најголемиот град во државата и место на големи немири во изминатите денови. Повредени се најмалку 350 припадници на безбедносните сили. Во државните медиуми нема информации за загинати цивили.

Претходните извештаи на локалните медиуми ја цитираа казахстанската полиција дека полицајците „елиминирале десетици напаѓачи“ во ноќните судири меѓу антивладините демонстранти и војската во Алмати, што може да значи и смртни случаи, јави ДПА.

Полицијата во најголемиот казахстански град Алмати денеска соопшти дека привела околу 2.000 луѓе во масовните протести.

„Полицијата од Алмати е во акција да ги расчисти улиците… Вкупно се приведени околу 2.000 луѓе“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Казахстан.

Претседателот на Казахстан, Касим Жомарт-Токаев нареди да се формира истражна група која ќе ги утврди причините за немирите во земјата и ќе ги повика на одговорност сите кои учествувале во немирите, соопшти денеска претседателската прес-служба.

Во истражната група ќе бидат претставници на Обвинителството, МВР, Комитетот за национална безбедност

Протестните собири против високите цени на горивата почнаа на 2 јануари во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, и по два дена во Алмати на југоисток и други градови, при што демонстрантите се судрија со полицијата и има жртви.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан