Најмалку 12 лица се повредени во огромен верижен судар во областа Акмолина на северот на Казахстан, јавува Anadolu Agency.
Во инцидентот учествувале 95 автомобили кои завршиле со удирање при лоши временски услови.
Дел од автопатот што го поврзува северниот дел со главниот град Астана е затворен за сите видови возила по влошувањето на времето.
Патот беше расчистен и отворен, а потоа настана хаос. Верижниот судир се случил околу 13 часот и 30 минути по локално време.
Азон Глобал јавува дека причините за несреќата се снежно невреме, слаба видливост, но и непочитување на ограничувањата на брзината и безбедните растојанија.
Причинета е значителна материјална штета, додека повредените се пренесени во Окружната болница. Во доцните вечерни часови властите од автопатот извлекле поголем дел од оштетените возила.