11 илјади деца затруени од јагоди во Германија

Од:

Најмасовното труење со храна во Германија, поради кое 11 илјади деца од училишна возраст чувствувале мачнини како пролив и повраќање, најверојатно е предизвикано од консумирање смрзнати јагоди, објавија тамошните власти.

Со вакви здравствени проблеми биле зафатени деца во 500 училишта во источна Германија, кои јаделе храна што ја набавува компанијата „Sodexo”, а 32 завршиле во болница со потешки форми на затруеност.

Институтот „Роберт Кох” соопшти дека е откриена „уверлива и статистички значајна поврзаност” меѓу епидемијата и консумацијата на смрзнатите јагоди.

Од компанијата најавија исплата на отштета за заболените и во соопштението издадено по овој повод изрази „длабоко жалење поради овој изолиран инцидент”.

 

Би можело да ве интересира

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено