ВИДЕО: Жените од СДСМ побараа потполна еднаквост со мажите во власта

Од:

Под мотото „20 години чекориме на патот на еднаквоста“ Форумот на жени на СДСМ денеска го одбележа дведецинското постоење. Речиси во сите обраќања на жените од партијата и членки на извршниот одбор на Форумот, акцентот беше ставен на барањето во извршната и во локалната власт жените да бидат рамноправно застапени со мажите.

„Да продолжиме да бидеме амбициозни, повторно да бидеме први и да ја оствариме 50-50 застапеноста. Токму сега, кога го добивме историски најголемиот број на жени пратенички од СДСМ и коалицијата. Токму сега, кога го имаме историски најголемиот број на жени министерки во Владата. И тоа сите од СДСМ и нашата коалиција. Токму сега кога важните ресори на правда, финансии, труд и социјала и одбрана се раководени од жени, рече Шекеринска, повика заменик претседателката на СДСМ и Министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа потенцираше дека сега има историски најголемиот број на жени пратенички од СДСМ и коалицијата и историски најголемиот број на жени министерки во Владата а важните ресори на правда, финансии, труд и социјала и одбрана се раководени од жени.

Координаторката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева додели благодарници на неколку соработнички за нивниот придонес во работата на Форумот. Таа им се заблагодари на Елеонора Петрова Митевска, на Цветанка Ласкова и на Цветанка Иванова.

Форумот на жени доби и видео пораки со честитки од колешките социјалдемократки од регионот а претседателката на Форумот на жени од Словенија рече дека македонските социјалдемократки треба да биде пример за работа за сите во регионот.

Би можело да ве интересира

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ