ВИДЕО: „Жената во црвено“ – симбол на протестите во Турција

Од:

Фотографиите на кои полицаец од непосредна близина ја прска со солзавец жената во црвен фустан стана симбол на протестите во Турција против исламистичката власт на Ердоган.

Оваа жена, како и многу други сонароднички, се грижи за правата на жените и е борец против носењето женски вел во традиционалната и секуларна Турција.


Жената е облечена во летен црвен фустан, со ѓердан околу вратот и бела торба наметната на едното рамо.

zena-crveno1Британскиот таблоид „Дејли мејл“ пишува дека оваа слика многупати е споделена на социјалните мрежи, а веќе се наоѓа на сите постери и налепници, бидејќи „жената во црвено“ стана симбол на демонстранти на антивладините протести во Турција.

– Оваа фотографија ја прикажува суштината на овие протести.

– Насилното однесување на полицијата врз мирните демонстранти, луѓе кои сакаат да се заштитат самите себе и тоа што го сметаат за вредно – вели Езра, студентка на математика од Бешикташ.

На ѕидовите на зградите во најголемиот турски град се залепени постери на непознат уметник, на кои „жената во црвено“ изгледа многу поголема од полицајците.

– Колку повеќе прскате солзавец, толку  сме поголеми“ – пишува на постерот.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Светот e загрижен поради создавањето на нов воен пакт

Летовите се откажани, а наставата е прекината во неколку провинции во Турција поради лоши временски услови

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција

Училиштата во 17 турски провинции се затворени поради снежни врнежи

Уапсена актерка од „Сулејман Величествениот“