(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Дали овој пат владејачкото мнозинство ќе го поддржи Законот за помош на настраданите од Кочани?

Од:

Пратеничката на СДСМ – Јована Тренчевска на денешната собраниска седница за пратенички прашања, упати прашање до премиерот Мицкоски во врска со помошта за настраданите во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, нема никогаш да се заборави, болката на семејствата на починатите и настраданите нема никогаш да исчезне. Изгубивме 62 млади животи, над 200 млади момчиња и девојки се повредени – некои од нив имаат и трајни последици, траен инвалидитет. Ова не е некоја статистичка бројка, ова се млади животи и тие не смеат да бидат заборавени. Болката што ја преживеа Кочани не е само локална – таа е болка на целото општество. Ним не им е потребна само декларативна реторика, ќе го направиме тоа и тоа, нив им е потребна помош, сега, во овие моменти кога им е најтешко, кога е потребна грижа за повредените“ рече Тренчевска.

Таа на денешните пратенички прашања потсети на предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во Кочани.

„Како пратеничка група на СДСМ и Коалицијата го поднесовме прво по скратена постапка, но за жал колегите пратеници од владејачкото мнозинство немаа слух. Овој предлог закон не е ПР кампања, не е политичка калкулација, овој закон е реална потреба. На луѓето им е потребна реална помош која во моментов ја немаат – не е доволна само помошта преку Црвениот крст, и тоа всушност не се пари на владата туку тоа се пари на граѓаните и на општествено одговорните компании. Владата никаде ја нема да им помогне…тие луѓе се секојдневно по доктори, по преврски, во потрага да ги обезбедат најдобрите услови за лекување на своите деца“ порача Тренчевска.

Таа праша „дали овој пат како владејачко мнозинство, ќе покажете политичка волја овој предлог закон конечно да се стави на дневен ред на собраниска седница и да добие поддршка – како приоритет на општествена совест и морална обврска?“

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски