Меланија Трамп е во брак со Доналд Трамп веќе дваесет години, а нејзината популарност е се поголема и поголема.
Првата дама на САД плени со својата убавина, а нејзиниот моден стил е пример за многумина.
Во текот на претходните години многумина се обидуваа да дознаат детали од нејзиниот живот, особено младоста и растењето.
Исто така, имаше и такви кои се запрашаа дали првата дама на САД е навистина природно убава.
На интернет се појави клип со фотографии на Меланија од нејзиното најрано детство, се до ден денес.
На него јасно се гледаат сите нејзини трансформации низ годините и јасно е дека таа отсекогаш била убава.
Сепак, срцето му го даде на еден од најмоќните луѓе во САД, денес претседател, но успешен бизнисмен.
Таа во претходните интервјуа често зборуваше за нејзиното воспитување во Словенија и потенцираше колку нејзините родители Виктор и Амалија Кнавс влијаеле на нејзиниот животен пат. Во една прилика вели дека чувството за мода го наследила од нејзината мајка, а благодарение на татко и се заљубила во патувањето.
Мајката на Меланија често одела на службени патувања во Милано и Париз, каде што присуствувала на модни ревии, а токму тоа ја поттикнало желбата на Меланија да стане модел и самата.
Првата дама на САД деновиве е во центарот на вниманието, како поради изборот на облека и капи за инаугурацијата, така и поради многуте интервјуа кои ги даде.
Сите зборуваат за „ново-старата“ Меланија, која по вторпат влегува во Белата куќа, со самодоверба која не ја напушта од денот кога го запознала Доналд Трамп.