Незапамтено невреме синоќа го погоди српското село Шопиќи, во близина на Лазаревац. За само три минути, торнадо урна покриви на стотина куќи во тоа населено место, јавуваат српски медиуми.
Од торнадото оштетена е и локалната црква и превртени се неколку возила меѓу кои и цистерна.
Торнадо е регистрирано и во српската општина Нова Варош.Заменикот претседател на таа општина Иван Младеновиќ изјави дека подрачјето било погоено од силно невреме проследено со град.
– Силен ветар проследен со дожд и град оштети ноќеска куќи и направи хаос во три села во нашата општина кои останаа и без струја, изјави Младеновиќ за Танјуг. Силното невреме проследено со пороен дожд и силен ветар ги погоди и Лазаревац, Топола, Аранѓеловац, Шабац како и Белград.