ВИДЕО: Помор на риби во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Од:

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири неподнослива миризба.

Трајче Талевски од Хидробиолошкиот инстит во Охрид вели дека нискиот водостој на Охридското Езеро и големата количина риба се причината за оваа појава. Моментно, жители на Охрид ги вадат рибите од каналот.

„Концесионерот не ја ловеше плашицата во имзинатите 5-6 години иако му беше дозволено. Има многу плашица. Во овој период од годината таа се групира во одредени региони во езерото, каде што ја поминува зимната. Каналот Студенчишта е еден од тие делови, каде што влезе голема количина. Нивото на езерото е ниско за да ја издржи рибата да опстане тука. Пред извесно време од локалната самоуправа испратија апел за да се преземат некакви чекори“, вели Талевски.

Од летово Охридското Езеро нема концесионер, а за водостојот на езерото е задолжено ЕЛЕМ.

„Испуштањето на водата го прави ЕЛЕМ. Веројатно сега локалната самоуправа ќе исклучи дел од пумпите за водата да истече на Билјанините Извори. Ако протече таму, може да се спаси нешто. По моја слободна процена, таму има 5-10 тони риба. За извесно време таа може целосно да пцовиса“, додава Талевски.

Според Талевски, доколку не се превенира оваа појава, може да дојде до поголеми проблеми.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

A1on

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски