(ВИДЕО) Томевски: Во пожарот во Дебар Маало оштетени три стана, пожарникар повреден при интервенцијата

Од:

Три стана, од кои еден дуплекс, биле опожарени денеска во огнот што зафати зграда во скопската населба Дебар Маало, изјави Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада.

Како што изјави Томевски за А1он, гаснењето се одвивало во отежнати услови поради дрвената конструкција и пукнатите водоводни цевки.

„Опожарени се три стана на 4. и 5. кат“, рече Томевски и додаде дека во пожарот нема жртви, но при интервенцијата еден од пожарникарите добил повреда кога се лизнал по скалите.

Според кажувањето на станарите, се слушнало експлозија од болјер, а во моментот кога избувнал пожарот во станот од зградата имало две деца што ги предупредиле другите станари.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче