Лидија Торп, австралиски абориџински сенатор се судрила со британскиот крал Чарлс Трети денеска за време на неговата посета на Националниот парламент во Канбера.
– Ова не е ваша земја. Ти не си мој крал. Вратете ни ја нашата земја. Вратете ни го тоа што ни го украдовте! Нашите коски, нашите черепи, нашите бебиња, нашите луѓе. Ти не си мој крал! Ја уништивте нашата земја – извика Торп, облечена во традиционална облека на Абориџините.
Обезбедувањето морало да интервенира и да ја спречи да се приближи до кралот, по што била изведена надвор од салата за Чарлс да продолжи со разговорите со австралискиот премиер Ентони Албаниси.
„Скај њуз“ објави дека Торп е првата Абориџинка од државата Викторија која станала сенатор, а кога положила заклетва во австралискиот парламент, одбила да се заколне на верност на тогашната британска кралица Елизабета Втора, мајката на Чарлс.
Пред инцидентот со кралот во парламентот, таа организираше демонстрации со уште дваесетина луѓе додека тој полагаше венец на локалниот споменик.